Цели

Обезбедувањето на поддршка за пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ е еден од темелите на политиките на Подгоричкиот Клуб, којшто е насочен кон дефинирање на заедничка Визија за Западниот Балкан до 2030 и Нов наратив за Западниот Балкан . Со оглед на сегашната состојба со процесот на проширување на ЕУ и сè уште сложената регионална состојба, Конференцијата ги има следниве цели:

  • Усвојување на Заедничка декларација за важноста од донесување на позитивни одлуки на претстојните состаноци на Советот, упатена до високите претставници на ЕУ: Доналд Туск, Претседател на Европскиот Совет, Жан-Клод Јункер, Претседател на Европската комисија, Федерика Могерини, Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседател на Комисијата и Јоханес Хан, Европски комесар за европската соседска политика и пристапни преговори;
  • Подигање на свеста за негативното влијание на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното натамошно одложување на процесот на проширување;
  • Определување на начините на кои Подгоричкиот Клуб би можел да даде дополнителна поддршка за:
  • Процесот на пристапување кон ЕУ на земјите од Западниот Балкан;
  • Регионалната соработка, како еден од клучните предуслови за агендата за проширување; и
  • Испорачување на конкренти резултати во рамките на Берлинскиот процес/ Спроведување на Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област во Западниот Балкан.