ПРЕГЛЕД

Регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“

Визијата за Западен Балкан до 2030

1. За конференцијата

Поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија е еден од темелите на политиките на Подгорички Клуб со цел дефинирање на заедничка "Визија за Западен Балкан 2030" и "Нов наратив за Западниот Балкан".

Со оглед на сегашната ситуација во процесот на пристапување кон Европската Унија и сложената регионална ситуација, една од главните цели на Конференцијата е потпишување на Заедничка декларација за важноста на донесување позитивни одлуки на претстојните средби на Советот на Европа, адресирани до официјални лица од висок ред во Европската Унија. Дополнително, Конференцијата е насочена кон подигнување на свеста за негативното влијание на национално и регионално ниво во случај на понатамошни одложувања во процесот на пристапување.

2. Проширувањето на ЕУ на крстопат

Европската перспектива на Западен Балкан е клучната движечка, трансформациска сила во регионот, помагајќи да се постигнат сеопфатни политички и економски реформи и да се подобрат демократските процеси. Новата стратегија за проширување на ЕУ, усвоена на 6 февруари 2018 година, постојано истакнува дека процесот на пристапување кон ЕУ е историски прозорец на можности за земјите од Западен Балкан, додека процесот на пристапување е, и ќе остане процес заснован на заслуги, целосно зависен од постигнатиот напредок на секоја земја.

Со цел понатамошно зајакнување на перспективата за пристап кон ЕУ и поддршка на процесот на трансформација, Европската Комисија (ЕК) ги претстави шесте водечки иницијативи, а пред шест години го започна и Берлинскиот процес којшто има за цел да воведе нова динамика во регионалната соработка, приближувајќи го Западниот Балкан кон ЕУ и подобро да ги подготви земјите за нивното идно членство во ЕУ преку интензивирана регионална соработка во голем број клучни области: економски раст и поврзување, добрососедски односи, развој на граѓанското општество и поврзување меѓу луѓето.