Форум „Наука и иновации 2030 за Западен Балкан“, 9 април, 2019 година, Улцињ

Подгорички Клуб и Министерството за наука на Црна Гора го организираат првиот во серија настани на високо ниво посветени на форумот „Наука и иновации 2030 за Западен Балкан“.

Форумот ќе се одржи на 9 април 2019 година во хотелот “Holiday Villages Montenegro – Karisma Hotels Adriatic”, Улцињ, Црна Гора.

Подгоричкиот Клуб е посветен на просперитет, зачувување на добрососедските односи, регионална соработка и афирмација на меѓународната сцена, со цел да се поттикне визијата за развој на регионот на Западен Балкан во областа на економијата, културата, науката, истражувањата и иновациите до 2030 година. Концептот за работа на Клубот е именуван како "Нов наратив за Западен Балкан - Визија 2030", додека првиот во серија состаноци на високо ниво ќе биде посветен на актуелните напори на овој регион во областа на науката и иновациите, како разгледување на заедничка визија за развој во оваа област до 2030 година.